Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Панчо распали по политичарите: Да имавте еден со малку мозок ќе ја решевте кризава до сега

Владимир Блажевски – Панчо, од дуото ДНК повторно распали по политичарите. Тој на социјалните мрежи објави статус каде вели дека народот нема доверба во ниту еден политичар бидејќи тие се себични луѓе чија цел е финснсиски да ги обезбедат нивните 2-3 поколенија.

„Па добро бе мајку ви ваша неспособна до кога ќе не ебавате буквално со е, како бе не ви е срам не ве сфаќам, како е можно да немате грам човечност во вас? Тврдам дека до сега да имавте ЕДЕН, пази ЕДЕН со малку МОЗОК ќе ја решевте кризава многу одамна како што се реши и држи под контрола во Нив Зеланд, Австралија и Кина од каде и дојде болеста. Прост пример: Затвори се 21ден и од после, ставај буквално се што влага во земјава по 14дена во изолација при влез и тоа е тоа, ПРЕедноставно е. Кога велам ЗАТВОРИ мислам на ЗАТВРОРИ да важи подеднакво за сите, а не да мижите каде не ви е сигурно и јајцата ви се џамлии.
Ете ви ги хотелите кои поради кризата не функционираат и спроведувајте ги луѓето таму со полиција и нека си го платат и престојот зошто вие 100% не може и не сте способни да им го обезбедите затоа што поважни ви се бифтеците, лешниците и бадемите за вашите газови. Проста логика еве поправете ме ако грешам
Ќе каже некој ама не може така ама знаеш индустријата, економијата бла бла бла….. Чекајте бе луѓе, 12месеци животариме тоест не живееме, а мала земја сме и е многу лесно да ја контролираш, исчистиш и да функционираш внатре, ама за тоа треба МОЗОК и желба. За вакцините не ни сакам да зборам, на еден обичен трговец од кванташки пазар да му дадевте задача ќе ви ги испорачаше до сега #РЕАЛНО
Жално за сите нас кај живееме и многу нормално е да се нема доверба во ниту еден политичар дека вие не сте политичари туку себични луѓе кои најбитно и примарно ви е да си ги обезбедите финансиски вашите 2-3 поколенија, а визијата за напредок на земјата и граѓаните кои ве гласале е сведено на една голема НУЛА. Срам сте голем и немој да мислите дека некој сеуште ви верува.
Циркуз држава“, напиша Панчо.

На почеток
error: