Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

„Зоки ваксајн“ – нова хит игра на „PlayStore“

На популарната продавница за преземање апликации „PlayStore“, се појави игра со ликот на премиерот Зоран Заев и е наречена „Zoki Vaksajn“, а која досега има повеќе од 1.000 преземања.

Во описот стои: „Со помош на Зоки соберете што е можно повеќе вакцини“, а главен лик е премиерот Зоран Заев.

На самиот почеток на играта стои – „Zoki Vaksajn spremi se“. Како што ја допирате неговата глава, тој се движи по екранот и собира вакцини. Ако удрите во некоја од пречките поставени на патот до вакцините, губите живот, а гласот на Заев вели: „Мало сутра“.

Трендинг

На почеток
error: