#ФАЦИ

Пандев ќе биде прогласен за олимписки великан на МОК

Објавено на

Нашиот најдобар фудбалер и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, ќе биде прогласен за олимписки великан на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Ова го најави петседателот на МОК, Даниел Димевски, откако нашите репрезентативци предводени од искусниот Пандев вчера преку Лигата на нациите се изборија за историски прв пласман на Европско првенство во фудбал.

Димевски по овој повод упати чистики до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, а за Пандев порача дека тој придонел за врвни спортски резултати и дваесетгодишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт.

„Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодоверба се изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки, момци, само гордо напред и со победа да го почнеме Европското првенство! Најдобри сте!“, истакна претседателот на МОК.

Трендинг

Exit mobile version