Медиасет.мк

#ФАЦИ

Пандев избран за маж на годината за 2020

Капитенот на фудбалската репрезентација Горан Пандев, е маж на годината за 2020 година. Пандев доби најголем број на лајкови на официјалната „Фејсбук“ страница на настанот.

„За мене цела наша репрезентација се мажи на годината. Сакам да им се заблагодарам на сите кои допринесоа да го постигнеме резултатот со репрезентацијата и да се пласираме на ЕП. Се надевам дека со нашата игра ќе придонесеме и другите да се борат за подобри резултати“, изјави Пандев.

Менаџер на годината е Петар Денковски, генералниот директор на Веро. Млад менаџер на годината е Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 беше избран Билал Суџибаши, генералниот директор на „ХалкБанк“.

За Маж со стил за 2020 година е избран архитектот Пако Радовановиќ. Во изборот на Маж на годината според социјалните медиуми најголем број лајкови на официјалната „Фејсбук“ страна доби хуманитарецот Али Вевзи.

Оваа година стручното жири одлучи наградата за Маж со најголем придонес во општеството да им ја додели на целокупниот медицински тим кој девет месеци се во првите редови во битката против короанвирусот.

Во нивно име наградата ја подигнаа доктор Виктор Исијановски, директор на Здрваствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.

Наградата за Маж со најголем придонес во спортот припадна на Македонската Фудбалска Репрезентација, а наградата ја подигна селекторот Игор Ангеловски Мрме. Тој ја подигна наградата и за маж на годината во изборот на организаторите.

Маж со најголем придонес во културата за 2020 година е Џијан Емин. За Хедонист на годината беше избран Ѓорѓи Дамјановски, бизнисмен, а за Маж на годината до 40 години е Радован Витошевиќ, генералниот директор на „МајВорлд“.

За Маж со трајни вредности е избран музичарот Влатко Стефановски.

Мажи на годината е настан кој за прв пат се појави во 2018 година во организација на „Фрајдеј Комуникации“ и ова е негово трето издание.

На почеток
error: