Медиасет.мк

#ТРЕНД

По четири години – нов соло сингл на Ед Ширан


По обидот да ја донесе кожата од печурки во своите редови и работата со одржливи производи, „Хермес“ се појави со уште една иновација, со што потрагата по одржлива мода ја подигна на ново ниво.

На својата официјална страница на „Инстаграм“, „Хермес“ објави неочекувана линија чанти „биркин“ направени од вистински зеленчук.

Во моментот на страницата се објавени три модели од разни зеленчуци, кои ја реинтерпретираат култната чанта преку креативни аранжмани од аспарагус, зелка и краставици.

Сите „биркинки“ од зеленчук ги направи уметникот Бен Дензер.

„Хермес“ ги објави трите чанти одделно придружувајќи ги со натпис: „Уживајте во заобиколен пат затоа што класичните хермес-чанти инспирираат уметност толку многу што можете да ги јадете“.

Иако станува збор само за креативен ангажман, овие чанти предизвикаа голем интерес на интернет.



Трендинг

На почеток
error: