Медиасет
Почеток на нова ера: НАСА планира база на Месечината
Мисијата „Артемис II“ успешно заврши со спектакуларно враќање на Земјата, означувајќи историски момент – прво човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век.Четворицата астронаути – Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен – слетаа во Тихиот Океан по десетдневна мисија, по што беа извлечени со хеликоптери и префрлени на воениот брод „УСC Џон П. Мурта“.Капсулата „Орион“ влезе во атмосферата со брзина од дури 33 пати поголема од брзината на звукот, повторувајќи подвиг виден последен пат во ерата на „Аполо“ мисиите.Иако не слетаа на Месечината, астронаутите поставија нов рекорд – достигнаа оддалеченост од над 406.000 километри од Земјата, што е најдалечната точка до која стигнале луѓе досега.Мисијата донесе и ретко видени сцени од вселената, меѓу кои погледи од далечната страна на Месечината, целосно затемнување на Сонцето и познатиот „изгрејсонце на Земјата“.Особено значајно е што ова беше една од најразновидните мисии на НАСА – во екипажот имаше жена, како и прв афроамерикански и прв неамерикански астронаут во ваква мисија.Овој успех се смета за клучен чекор кон следната фаза – слетување на Месечината во наредните две години и изградба на лунарна база во текот на оваа деценија.„Ова е само почеток“, порачаа од НАСА, најавувајќи нова ера на човечко присуство надвор од Земјата.