#ФОКУС

Почина Амди Бајрам, министерот Филипче вели дека имал комплексна здравствена состојба

Објавено на

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје. Посмртно, ќе му биде земен и брис за коронавирус.

„Тој имаше комплескна здравствена состојба, со многу други хронични болести“, рече Филипче.

Бајрам пред неколку месеци ја ампутираше и едната нога, по што, најави дека сака да се врати во политиката.

Амди Бајрам е роден во Скопје во 1956 година и има завршено средно трговско училиште. Првпат станува пратеник во 1994 година, како член на Партијата за целосна еманципација на Ромите. По две години, ја основа Сојуз на Ромите и е нејзин претседател. Тој е познат и по неговата изјава во 1998 година, кога победата на Бранко Црвенковски на парламентарните избори ја предвидува со „102 проценти“. Бајрам од 1998 година до 2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски.

Тој беше осуден и на седум годишна затворска казна, која потоа му беше намалена на четири години, поради кражба во штипската фабрика „Македоника“. Бајрам излегува од затвор во 2008 година.

Откако излегува од затвор, тој влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која ја напушта во декември 2016 година, кога на власт доаѓа СДСМ. Бајрам оттогаш ја поддржува владејачката партија, а пратеник беше до јули 2020 година.

Последно, тој пред една недела организираше и свадбена веселба во Турција за неговата внука каде присуствуваа околу 300 гости.

Трендинг

Exit mobile version