Супер холивудската ѕвезда, актерот Чедвик Бозман, кој се прослави со улогата во блокбастерот „Црниот Пантер“, почина денеска на 43-годишна возраст.
Младиот глумец пред четири години дознал дека има канцер на дебелото црево, а повеќето филмови кои го направија ѕвезда ги снимал меѓу бројни операции и хемотерапии, пишува денеска „Тајмс“.
Светот најмногу ќе го памети по култната улога „Црниот Пантер, но Бозман сними уште многу филмови кои ја величат афроамериканската заедница во САД, во период кога таму повторно се разгорува расизмот