Медиасет.мк

#ОХРИД

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД


На 84-годишна возраст почина поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.

Нејзината смрт беше потврдена во имејл до персоналот на групата „Олбрајт стоунбриџ“, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт.

Таа беше првата жена државен секретар на САД, која помогна да се води западната надворешна политика по Студената војна.

Бидејќи не беше родена во САД, таа немаше право да се кандидира за американски претседател и беше исклучена од нуклеарните планови за непредвидени ситуации. Во својата позиција како државен секретар Олбрајт ги зајакна САД и сојузниците, се бореше за демократијата и човекови права и ги промовира американските трговија и бизнис, труд и стандарди за животната средина во странство.

За време на својот мандат, Олбрајт значително влијаеше врз американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток. Таа го навлече гневот на голем број Срби во поранешна Југославија за нејзината улога во учествувањето во формулирањето на политиката на САД за време на војната нво Косово и војната во Босна, како и на остатокот од Балканот. Но, заедно со претседателот Бил Клинтон таа и понатаму остана главна популарна фигура во остатокот од регионот, особено во Босна и Херцеговина, Косово и во Хрватска.

Трендинг

На почеток
error: