Утрово од Ковид-19 почина Зоран Росоманов, зетот на фолк-легендата Виолета Томовска и сопруг на Невенка, девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“.
Утрово веста осамна на социјалните мрежи, кои се преплавени од изрази на сочувство кон Невенка за нејзиниот сопруг.
Тој на јавноста ѝ стана познат откако за нејзиниот 50. роденден организираше пејачите да направат преработка на легендарната песна „Македонско девојче“.