Медиасет.мк

#ФОКУС

Погреб со сите обичи за Амди Бајрам, сите апелираат но никој не го стопира

Министерството за здравство синоќа информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека истиот бил позитивен на Ковид-19. Центарот за јавно здравје-Скопје ги презема сите мерки за заштита и спречување на натамошно ширење на инфекцијата во и вон неговото семејство и сите оние кои во изминатиот период имале интензивни и блиски контакти со починатиот.

МЗ изрази сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, погребот да се спроведе согласно протоколите.

„Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом во населбата Бутел ќе тргне и погребната поворка. На социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот.

„Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, се вели во повикот.

Општината Шуто Оризари денешниот ден (25.10) ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам.

Трендинг

На почеток
error: