Драги Шпага раскажа за неговото искуство со коронавирусот. Поминал тежок период, но за среќа пополека се враќа во нормала. Ви го пренесуваме неговото искуство со ковид-19:
„Мојата средба со ковид-19 сарс2 започна на 28-ми август, 2020 година.
Петок ден 1: повраќање
Сабота ден 2: повраќање
Недела ден 3: повраќање
Понеделник ден 4: температура 38.5
Вторник ден 5: температура 39
Среда ден 6: температура 39.5 проблеми со дишењето, кислородот 40-60 супституција
Четврток ден 7: тестирање во Авицена – позитивен на ковид-19
Петокот ден 8: омалаксаност, слабо дишење потење, нема температура
Саботата ден 9: црно повраќање, нема температура, омалаксаност 100%.
Недела ден 10: целосно губење, повраќање, Брза Помош правец Гастро, со некое црево до желудник, полусвесност па кома дваесет часа.
Понеделник ден 11: будење од кома во 8-ми септември, ковид центарот, тука со инфузии, крвна плазма и разни терапии.
Вторник ден 12: примам крвна плазма лежам омалаксан не сум јадел ништо .
Среда ден 13: примам крвна плазма, лежам омалаксан, мислам дека првпат јадев и тоа пица. Тест за корона негативен.
Четврток ден 14: примам крвна плазма, лежам но веќе полека добивам некоја сила. Тест за корона негативен.
Петок ден 15: тест за корона број 3 негативен, попладнето 11-ти септември си одам дома…
Сум имал пнеумонија па потоа некое внатрешно крварење во желудникот со кое што сум изгубил многу крв. Шансите да преживеам ми беа 20%.
Матичниот ми вика дека сум бил за во енциклопедија.
Од 11-ти септември 2020 до денеска се уште сум омалаксан, но полека се враќам во нормала – Драги Шпага“ – заврши тој.