Медиасет.мк

#КОРОНАВИРУС

Предупредување од Германија: Доаѓа опасна мутација која може да е имуна на вакцини

Следната мутација на Ковид-19 може да биде отпорна на сите вакцини, предупреди денеска германскиот министер без ресор, Хелге Браун, според кого можна е опасност од „супер сој“.

Во интервју за „Билд”, Браун вели дека Германија во моментот е во најопасната фаза на пандемијата.

– За жал, сите стравови се покажаа точни. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан од позаразна мутација. Следните недели ќе бидат одлучувачки за тоа дали наскоро ќе можеме да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега, паралелно со вакцинирањето расте и бројот на инфекции, тогаш расте и опасноста дека следната мутација ќе биде имуна на вакцината, објасни тој.

Според него состојбата со вирусот би се подобрила во мај, пред се заради големиот број вакцинирани, како и поради затоплување на времето.

Трендинг

На почеток
error: