Киселата зелка е незаменлива храна на трпезата… Таа е извор е на многу витамини и одличен прилог за речиси сите „зимски“ јадења.
Хранлива е!
Киселата зелка содржи значајни хранливи материи како што се витамин Ц, К, Б-6, пробиотски влакна, железо, манган, фолна киселина и калиум.
Добар извор на хранливи влакна
Контролирано испитување покажа дека расолот е единствената ферментирана храна за којашто е клинички докажано дека помага при тн. синдром на нервозно дебело црево (ИБС). Пробиотските влакна помагаат во исхраната на добрите бактерии во цревата, пишува интегративниот гастроентеролог Марвин Синг, пренесува Б92. Според базата на податоци за храна на американското Министерство за земјоделство (УСДА), една чаша кисела зелка содржи четири грама влакна, што е еднакво на 15 отсто од дневната препорачана вредност.
Добро за цревата
Бидејќи е ферментирана храна, киселата зелка природно содржи пробиотици и пребиотски влакна. Пробиотиците се делотворни и за запек, дијареа по антибиотици и инфекции, како и ИБС.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Имунитетот во голема мера зависи од здравјето на цревата. Овие два система се нераскинливо поврзани, што значи дека секоја храна што поддржува здрави црева, исто така, поддржува здрав имунолошки систем.
Го намалува стресот
Се покажа дека пробиотиците управуваат и со анксиозноста и симптомите на депресија кај луѓето, поради поврзаноста меѓу цревата и мозокот. Здравите црева се здрава основа за функционирање на целото човеково тело.