#ТРЕНД
Принцот Хари oткри кои биле првите зборови на син му Арчи
Првите зборови на Арчи биле многу сентиментални за татко му, принцот Хари.
Во неговата нова документарна серија на „Епл ТВ-плус“, The Me You Can’t See, што тој ja создаде заедно со Опра Винфри, војводата од Сасекс (36) откри дека еден од првите зборови на неговиот двегодишен син бил „баба“ нишајќи со главата кон фотографија на принцезата Дијана.
Според Хари, фотографијата од неговата покојна мајка, која трагично почина на 36 години по сообраќајна несреќа во Париз (1997), моментно виси на ѕидот во една соба во семејната куќа во која живее со сопругата Меган Маркл.
„Закачив слика од неа во собата каде што си игра и еден од неговите први зборови – освен мама, тато – беше и баба. Тој рече ‘баба Дијана’. Тоа е најслаткото нешто, но во исто време навистина ме растажува затоа што таа требаше да биде тука“.
„Мајка ми ќе беше неверојатно горда на мене“, вели принцот Хари, а медиумите споделија фотографија од него како мал во рацете на принцезата Дијана.