Connect with us

Hi, what are you looking for?

АКТУЕЛНО

Раде Шербеџија ги предупреди своите фанови на измама

Легендарниот хрватски глумец, 74 годишниот Раде Шербеџија, на својот „Фејсбук“ профил ги извести своите пријатели и фанови, дека некој користи лажен профил со неговото име и дека е жртва на една голема измама.

„Драги мои, изгледа некои направил лажен профил, кој многу е сличен на мојот, со моето име и фотографии и ги известува луѓето дека се добитници на награда игра и бара пари од мое име. Се разбира тоа нема никаква врска со мене. Но, деновиве повеќе пријатели ми се јавија и ми кажаа дека наводно од мене добиле таква порака.

Тој вели дека проблемот наскоро ќе биде решен, но ги замолува сите во меѓувреме да го споделат неговото предупредување, за некој случајно да не наседне на измамата.

Голем број на познати лица, во изминатите неколку години се жртви на измама на интернет. Во јавноста се најде и името на Нина Бадриќ, која одлучила да реагира и да ги спречи измамите кои во нејзино име рекламирале таблети за слабеење.

error: