Медиасет.мк

#ФОКУС

Рама разочаран: „Путин можеби не е во добра здравствена состојба, но ниту ЕУ не е подобра“

Албанскиот премиер, кој вчера беше во Брисел, не можеше да сокрие дека е разочаран поради доцнењето на процесот за членство во ЕУ, рече дека тоа е „лош ден за унијата“.

Во интервју за италијанскиот „Кориере дела сера“, Еди Рама изјави дека Европската унија не ги исполнила своите ветувања.

„ЕУ не ги одржа своите ветувања. Истите лидери на заедницата признаваат дека ја завршивме домашната задача. И покрај тоа, ние сè уште сме решени“, рече Рама.

Тој додаде дека едногласноста треба да се отстрани од одлуките на ЕУ

„Навистина мислам дека треба, 100 проценти. Свесен сум дека ова е чувствително прашање за земјите-членки, кое има своја историја и значење. Но, дојде време да се отстрани“, рече Рама.

Тој исто така рече дека е тешко да се предвиди кога Албанија би можела да влезе во ЕУ и дека таквото предвидување е исто како и предвидувањето на „големи природни катастрофи“, пренесува албанската ABC.

Запрашан дали Балканот е изложен на руско и кинеско влијание поради таа ситуација, Рама рече дека областа е слаба точка на континентот.

„Ако ја погледнеме Русија, јасно е дека таа има свои патишта и канали кои го прават Балканот ранлив: затоа ние и другите земји во регионот работиме за Отворен Балкан, кој чека да се приклучи на ЕУ. – изјави Рама.

На заклучокот дека Путин ќе биде задоволен со тој ќор-сокак, Рама рече дека Путин можеби „не е во добра здравствена состојба, но ниту Европската унија не е подобра“.

Трендинг

На почеток
error: