Медиасет.мк

#КИНО

Разочарувачка вест за фановите на Марвел филмовите

Marvel официјално потврди дека премиерите на „Black Widow“, „Eternals“ и „Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings“ повторно се одложени.

Соло авантурата на Наташа Романов во филмот „Black Widow“ е одложена за 7 мај 2021 година, додека „Shang-Chi“ ќе биде прикажан на 9 јули 2021 година. Премиерата на „Eternals“ е закажана дури за 5 ноември 2021 година.

Филмовите неколку пати беа одложени поради пандемијата на COVID-19, затоа што киносалите беа затворени. Од неодамна во повеќето земји се отворени, но со помал број посетители и далеку помала заработка.

Marvel објави соопштение за новите датуми на премиери:

– „Black Widow” – 7 мај 2021

– Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings” – 9 јули 2021

– „The Eternals” – 5 ноември 2021

– „Spider-Man 3” – 17 декември 2021

– „Thor: Love and Thunder” – 11 февруари 2022

– „Doctor Strange in the Multiverse of Madness” – 25 март 2022

– „Captain Marvel 2” – 8 јули 2022.

На почеток
error: