Connect with us

#КИНО

„Red Notice“ најгледан филм во историјата на „Netflix“

Од „Нетфликс“ објавија дека акционата комедија Red Notice („Црвено известување“) е нивниот најгледан филм.

Објавен на платформата на 12 ноември, веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг-услугата.

Тој е во категоријата топ 10 филмови во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на „Нетфликс“ го гледале филмот, пренесува „Си-ен-ен“.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од овие луди статистики и информации. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на Нетфликс !!! Вие сте причината зошто ги правиме овие филмови. Вашата љубов ни значи се. И во никој случај не го земаме тоа здраво за готово. Ви благодарам“ напиша Гал на својот Инстаграм-профил.

#КИНО

Се снима документарната серија „Бекамови“

Можеби една од најпознатите двојки од јавната сцена – Викторија и Дејвид Бекам работат на документарната серија „Бекамови“ на Нетфликс, што ќе понуди познати и непознати подобности од нивниот живот. Викторија, по тој повод, раскажува како се запознале…

Викторија и Дејвид Бекам првпат се сретнале далечната 1997 година, а познатата дизајнерка и поранешна „спајсица“ не крие дека често одела на фудбалски натпревари за да го запознае својот иден сопруг.

– Тоа што одев на натпреварите да се сретнам со него, некои би го протолкувале како „демнење“… Јас повеќе би рекла дека само сакав да го видам, вели таа.

На хуманитарен натпревар се случила и „судбоносната средба“. Викторија натаму објаснува што особено ѝ се допаѓа кај Дејвид.

– Кога го видов во салата за фудбалери, сите останати играчи беа во барот, а тој стоеше и разговараше со родителите. Јас сум многу блиска со моето семејство и ми се допадна таа негова страна, додаде таа, пренесува „Дејли мејл“.

Поради советите на колегите, тие првично ја криеле својата љубов, па иако „не е толку глупаво како што звучи“, Викторија признава оти се среќавале и на паркинзи. По две години, врската ја крунисаа со брак, но неговото семејство не било најсреќно поради неговата одлука да се ожени на 24 години.

– Бевме загрижени дека ќе изгуби сѐ за што се залагаше бидејќи фудбалот секогаш беше на прво место за него, а потоа тоа се смени, раскажува мајката на Дејвид, Сандра Бекам.

Сепак, велат, и двајцата не ги запоставија своите кариери, туку наишле на поддршка еден во друг. Премиерата на серијата се очекува на почетокот на октомври.

Continue Reading

#КИНО

Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Режисерот Антоан Фукуа ќе снима биографски филм „Мајкл“ за светски познатиот поп-пејач Мајкл Џексон (1958-2009), пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“.

– Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива – изјави Фукуа.

Режисерот на „Training Days“ (2001) и „The Righteous“ (2016) се присети дека неговите први дела биле видеа и дека сè уште чувствува дека спојот на филмот и музиката е длабок дел од тоа што е тој.

„Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан, познат по „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“.

Не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот „Џексон фајв“, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.

Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ (1982), кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.

Џексон продолжи да постигнува светски успеси со хитовите „Bad“, „I Just Can’t Stop Loving You“, „Black or White“ или „Remember the Time“, но неговата кариера до некаде попушти по неколкуте обвинувања за сексуално вознемирување на деца, иако подоцна судот го ослободи. Тој ненадејно почина од срцев удар додека се подготвуваше за турнеја за враќање, во 2009 година.

Continue Reading

#КИНО

Тарантино го најави својот 10-ти и, најверотно, последен филм


Американскиот режисер Квентин Тарантино, 2-3 дена по својот 60-ти роденден, објави дека има намера наесен да го снима својот 10-ти филм, којшто би бил и последен во неговата кариера.

– Го завршив сценариото за мојот последен филм. Претпоставувам, веројатно ќе го снимам наесен, изјави ексцентричниот режисер интервјуиран во Париз, отфрлајќи ги сите гласини што се шират за овој филм. – Дејството на филмот под работен наслов „Филмски критичар“ е сместено 1977 година, додаде тој.

Но, според Тарантино, тоа не е посветено на некој новинар или конкретен филмски критичар и не е „биографски филм за Полина Каел“, култниот лик од „Њујорк“, која почина во 2001 година.

Тарантино повеќе од еднаш најави крај на кариерата откако сними девет филма, сметајќи ги двата дела на „Убиј го Бил“ како едно остварување. Но, се чини, сега повторно ги подгреа очекувањата на обожавателите – за нов филм.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: