Медиасет.мк

Медиасет

Рекордот на Ѓоковиќ кој ги замолчи и најголемите хејтери

Новак Ѓоковиќ ја започна 418-та недела на врвот на АТП листата и не само што е единствен, туку направи нереална разлика во однос на првите следбеници.

Роџер Федерер остана засекогаш заробен на 310, иако дури и исече торта на која пишуваше 311… Рафаел Надал беше симбол на континуитет во Топ 10 бидејќи таму помина речиси 18 години, но никогаш не беше на врвот на планетата за многу долго.

Шпанецот помина „само“ 209 недели на светскиот врв, па од овој понеделник Ѓоковиќ има точно двојно повеќе.

Новак моментално има најголем број на мастерси (40), но и најголем број на Грен слем турнири (24).

Ѓоковиќ веќе си подари подарок иако неговиот роденден е на 22 мај.

Никој не може да го поколеба до крајот на Монте Карло, а и тогаш се зависи од неговите резултати бидејќи може да освои триесет нови бода.

Трендинг

На почеток
error: