Медиасет.мк

#ФАЦИ

Саботна журка со диџеј Бабура Јуниор од кровот на Сити Мол

Општина Карпош организира музички настан, на кровната површина на ТЦ Скопје „Сити мол“, денес со почеток од 19:30 до 21:30 часот.

За музичкиот дел, задолжен ќе биде диџеј Бабура Јуниор

„Ги повикуваме сите карпошани, особено оние кои живеат во околината на „Сити мол“, да излезат на своите тераси, од своите домови да бидат дел од овој настан, кој ќе се карактеризира и со голема интерактивност. Диџеј Бабура Јуниор ќе не потсети на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика. Во период на полициски час, ќе имаме можност да уживаме во добра музика и да дадеме поддршка на домашната музичка сцена“, соопштија општинските власти.

Настанот ќе може да се следи во живо на Фејсбук страниците на Општина Карпош и диџеј Бабура Јуниор.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: