Фудбалските натпревари конечно можат да се следат со физичко присуство односно публика во живо. На вчерашниот помеѓу ФК Охрид и ФК Силекс, гостин беше и охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
„Се радувам што спортскиот дух се враќа на Градскиот стадион “Билјанини извори” и тоа што фудбалските натпревари се следат од многубројна публика. Иако вчера ФК “Охрид” не успеа да слави победа над ФК “Силекс”, продлжуваме силно да ги бодриме нашите фудбалери и да им даваме поддршка во сите натпревари од Втората македонска фудбалска лига“, пишува Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид.