Медиасет.мк

#ОХРИД

Се враќа спортскиот дух на стадионот во Охрид, се играше пред полни трибини


Фудбалските натпревари конечно можат да се следат со физичко присуство односно публика во живо. На вчерашниот помеѓу ФК Охрид и ФК Силекс, гостин беше и охридскиот градоначалник Константин Георгиески.

„Се радувам што спортскиот дух се враќа на Градскиот стадион “Билјанини извори” и тоа што фудбалските натпревари се следат од многубројна публика. Иако вчера ФК “Охрид” не успеа да слави победа над ФК “Силекс”, продлжуваме силно да ги бодриме нашите фудбалери и да им даваме поддршка во сите натпревари од Втората македонска фудбалска лига“, пишува Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид.

Трендинг

На почеток
error: