Медиасет.мк

#ТРЕНД

Шерон Стоун заработила малку пари од „Ниски страсти“

Поминаа речиси 30 години откако Шерон Стоун ја имаше својата пробивна улога во трилерот „Ниски страсти“ (1992), што ја вивна во ѕвездите, но не ја направи богата.

Во интервју за Си-би-ес 63-годишната актерка говореше за својата книга мемоари „Убавината на живеењето втор пат“, објавена кон крајот на март.

Во интервјуто таа откри дека „Основен инстинкт“ ја направи sвезда преку ноќ иако заработила многу малку од улогата за разлика од Мајкл Даглас.

„Јас не бев платена да го снимам тој филм. Добив малку пари. Мајкл заработи 14 милиони долари. Не заработив доволно ниту за да го купам фустанот за да одам на ‘Оскарите’ в година. Бев во чудна неизвесност, каде што одеднаш станав славна, но немав пари“, рече Стоун.

Трендинг

На почеток
error: