Во последните неколку месеци Јаник Синер е најдобар тенисер во светот, иако Новак Ѓоковиќ и натаму е прв на АТП листата.
Италијанецот веќе покажа на крајот од минатата сезона колку напредуваше и созреа, а потоа многу моќно влезе во 2024 година и изгледа нема намера да запре.
Се започна во Австралија, каде Синер ја освои првата Грен слем титула, а во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ со 3:1.
После тоа Синер го освои и Ротердам, па беше поразен во полуфиналето на Индијан Велс, а потоа го освои трофејот на Мастерсот во Мајами.
Јасно е дека бетонот е омилената површина на Синер, но сега доаѓа сезоната на глина и сосема нови и поинакви предизвици.
Првиот турнир што ќе се игра е Монте Карло (мајсторска серија), а во Кнежевството Синер ќе има можност да постигне нешто што досега во историјата на тенисот му успеало само на Ѓоковиќ.
Имено, заедно со Ѓоковиќ, Синер би можел да стане единствениот играч кој освоил титули на Австралија опен, во Мајами и во Монте Карло во истата сезона.
Новак успеа да го направи тоа во 2015 година, а Синер има можност да го направи тоа сега. И Србинот и Италијанецот минатата сезона потфрлија во Монте Карло, а сега ќе сакаат да го подобрат впечатокот и да испишуваат нови страници од историјата.
Ѓоковиќ се мачи од почетокот на сезоната, не игра како што е навикнат, а Монте Карло не му е толку успешен турнир како некои други од мастерс серијата. Новак „само“ двапати ја креваше титулата во Монте Карло, а сега ќе биде особено мотивиран да направи голем успех и да покаже дека се уште е далеку од пензија.