Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Слоница ќе се лечи од депресија со масло од канабис

Ова беше тешка година за младата африканска слоница Фредзија, која е жител на Зоолошката градина во полскиот град Варшава. Четирите слона во градината од март се три, откако угина Ерна, најголемата женка и најстарата во групата.

Смртта на Ерна ја ожалостила Фредзија, која е во депресија и под голем стрес сите овие месеци.

„Фредзија реагираше чудно на сликата на телото на Ерна. Беше навистина возбудена, но можеше да се види и дека е многу тажна,“ вели д-р Агњешка Чујковска од Одделот за рехабилитација на животните во Зоолошката.

Оттогаш, чуварите велат дека Фредзија постојано покажува знаци на стрес и дека таа се мачи да оствари нова врска со нејзината женска придружничка, Буба. На слоновите им се потребни месеци, понекогаш и години за да го преболат губитокот на постар припадник на крдото и да го вратат чувството на хармонија во групата.

Иако ова е тешка ситуација за младата слоница, емотивните превирања им дава можност на надлежните да тестираат експериментална нова терапија, базирана на ЦБД, активната состојка во маслото од канабис.

Целта на експериментот е да се утврди дали маслото од канабис може да им помогне на животните кои жалат или се под силен стрес, полесно да ги пребродат кризите.

Се смета дека маслото го стимулира производството на серотонин и допамин, хемикалии во мозокот кои се одговорни за доброто расположение и можат да помогнат во борбата против депресијата.

Слоновите од Зоолошката градина во Варшава ќе бидат првите животни на кои ќе се тестира терапијата, затоа што слоновите се посебно склони кон стрес, а и релативно лесно може да се следи нивното однесување.

Трендинг

На почеток
error: