Медиасет.мк

#ФОКУС

Снимка ја крена цела Америка на нозе: Полицаец седум пати пука во невооружен човек

Рејсин Вајт во неделата сними видео што ја крена цела Америка на нозе. Вајт го сними моментот кога еден од полицајците во Висконсин седум пати пукал во невооружениот Џејкоб Блејк.

Вајт вели дека полицијата пукала во Блејк пред неговите деца. Тој вели дека цела вечер не можел да заспие поради гневот и траумата што ги доживеал од ваквиот настан. Блејк се наоѓа во одделението на интензивна нега, но лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.

Вајт вели дека неколку пати го имал видено Џејкоб откако тој се преселил во февруари во Висконсин. Двајцата никогаш не разговарале, но Вајт секогаш ги гледал Блејк и неговите деца како си играат надвор. Снимката што ја направил Вајт е прегледана повеќе од 2,4 милиони пати.

Истата предизвика голем гнев кај луѓето од градот Кеноши, место сместено на крајбрежјето од езерото Мичиген, меѓу Чикаго и Милвоки.

„Загрижувачки е да се гледа како полицијата пука седум пати во невооружен маж. Тоа многу ме вознемири. Сигурен сум дека неговите деца се истрауматизирани повеќе од кого било“, изјавил Вајт за Си-ен-ен.

Поради ваквиот случај, демонстранти ширум земјата повикаа на правда. Вајт изјавил дека се надева дека полицаецот кој пукал во Блејк ќе преземе одговорност и дека ќе признае дека употребил претерана сила.

„Навистина се надевам дека сите го гледаат ова што се случува низ земјата и светот. Се надевам дека ќе има правда за овој човек“, изјавил Вајт.

Пред пукањето полициските службеници биле груби кон Блејк. Тие го удирале по главата и ребрата. Поради тоа Вајт вели дека го снимил видеото. Тамошната полиција побарала од одделението за криминалистичка истрага на Висконсин да покрене истрага за пукањето.

Трендинг

На почеток
error: