Федералниот апелационен суд одлучи дека програмата за набљудување, разоткриена од информатичорот Едвард Сноуден за американската разузнавачка Национална безбедносна агенција – НСА, е незаконска. Сепак, судиите се воздржаа, па не ја нарекоа и неуставна.
Судот соопшти дека програмата со којашто НСА собирала и анализирала обемни податоци од телекомуникациски компании, го прекршила Законот за надзор на странско разузнавање и, тоа може да е противуставно.
Сноуден на Твитер објави дека ова значи дека тој не е криминалец и оти веќе седум години ја говори вистината. – „Никогаш не верував дека ќе доживеам да видам како нашите судови ја осудуваат дејноста на НСА како незаконска и во таа одлука признаваат дека сум ги разобличил… А сепак, тој ден дојде“, напиша тој
Сноуден сè уште е обвинет за шпионажа во САД.
Откако првично негираа дека разузнавачката агенција собирала информации за американски граѓани, официјалните лица изјавуваа дека шпионажата ѝ помага на земјата во борбата против домашниот екстремизам.
Организациите за човекови права, како што е Американската унија за граѓански слободи, ја поздравија одлуката како „победа на правото на приватност“ на Американците.
