Докторката Аспазија Софијанова смета дека мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна.
-Јас имам конзервативен став околу оваа мерка и сметам дека е исправна, и тоа не е направена како аналитика и статистика. Но, тоа е статистика на глобално ниво. Експертите правеле анализа на вирусот, и сметаат дека е исправно така. Од друга страна имаме работа со нешто непознато. Имаме вирус кој беше вирулентен, па се намали тоа, и сега се случува нешто страшно – рече Софијанова.
Таа посочува дека најдобри маски се Н95, но, како што истакнува, сите маски штитат.
-Според последните истражувања, аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено – смета Софијанова.