Медиасет.мк

#ФАЦИ

Познатите се простуваат од Данчо Чевревски

Многу колеги и пријатели преку социјалните мрежи му оддаваат почит на глумецот Данчо Чевревски, кој почина вчера на 69 години.

Сочувство изрази и премиерот Зоран Заев, кој напиша дека неговите уметнички достигнувања оставиле важен и траен белег во театарот и македонската кинематографија.

Чевревски глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, а добитник беше и на поголем број награди. Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои: „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“…

Трендинг

На почеток
error: