Медиасет.мк

#ФАЦИ

Сопругата на Тони Михајловски за борбата со ракот: Денес е мојот 1. роденден како сум чиста, ќе живеам уште 30 години

Сопругата на актерот Тони Михајловски, Александра Јорева-Михајловски (41), сподели и раскажа за својата борба со ракот. Таа лани била примена во болницата „Аџибадем Систина“ на гинеколошко-акушерскиот оддел, каде што ѝ била утврдена дијагноза рак на матката.

„Бев оперирана од врвниот тим на чело со мојот гинеколог Митко Ивановски. Големо благодарам за брзата реакција и организација, а операцијата траеше околу 4 и пол часа. Еве ме една година подоцна да им се заблагодарам на сите, на целиот тим што беше со мене. Најголемо благодарам на Тони Михајловски за тоа што постоиш“, вели Јорева-Михајловски, а ние пренесуваме дел од нејзината објава на социјалните мрежи.

И додава: „Борбата е голема, а советите се секогаш добредојдени од сите“. Досега во оваа година и биле направени повеќе контроли. Последната ја направила пред нецел месец.

„Денес е мојот 1. роденден како сум чиста од канцерот! Благодарна сум им на Бога и на Мајкичка Богородица. Ви благодарам што постоите, луѓе. Сакајте се, чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи, само треба да го слушаме. Затоа што борбата е тешка, душата боли, а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста и никогаш нема да бидам иста. Ваква се сакам повеќе. Да бидеме живи и здрави уште најмалку 100 години. Доктор Ивановски рече дека ќе живеам уште 30 години и да не му ја мислам. Јас се држам до тој муабет“, вели сопругата на актерот Тони Михајловски.

На почеток
error: