Поранешната пејачка, Ребека Јанковска-Ристески, вчера наполни 49 години. Роденденот на социјалните мрежи ѝ го честитаа и пријателите и фановите, но честитката од сопругот Мики дека „ја сака до бескрај“ го привлече најголемото внимание.
„Колку сум среќен? Ти не си моја болка, туку лек. Среќен сум што не си икона, туку постоење. Среќен сум што сакаш до бескрај, а ништо не ти треба за возврат. Нека ти е среќен роденденот, најмила моја. Сакам само мирно море до бескрајот на хоризонтот. За Ребека, за целата среќа која ми ја подари“, стои во честитката од Мики на „Фејсбук“.
Ребека и Мики, се во брак 14 години, и имаат три сина, Маркијан (13) и близнаците Доротеј и Макариј (6).