Медиасет.мк

Медиасет

Тејлор Свифт официјално стана милијардерка

Глобално популарната пејачка Тејлор Свифт се приклучи на листата на светски милијардери, според новата листа на богаташи.

Американската поп ѕвезда за прв пат влезе на листата на светски милијардери на Форбс со 1,1 милијарда долари, заедно со креаторот на ChatGPT Сем Алтман со 1 милијарда долари.

Сопствениците на францускиот гигант за луксузни производи LVMH, Бернар Арно и неговото семејство се на врвот на листата со проценети 233 милијарди долари.

Форбс објави дека во 2024 година ќе има рекордни 2.781 милијардери

Бројката е за 141 повеќе од лани. Форбс додаде дека елитата е побогата од кога и да е, со комбинирано богатство од околу 14,2 трилиони долари, пренесува Би-Би-Си.

Трендинг

На почеток
error: