Connect with us

#ХАЈТЕК

Твитер забранува споделување фотографии и видеа без согласност

Твитер соопшти дека нема да дозволи споделување приватни медиумски податоци, како што се фотографии и видеа, на својата платформа, без согласност на лицето кое е на нив.

Политиката за приватност на компанијата веќе забранува споделување на туѓи приватни податоци, како телефонски броеви, адреси и лични карти.

„Кога поединци кои се прикажани или овластени претставници ќе не известат дека не дале согласност за споделување на нивните приватни фотографии или видеа, ние ќе ги отстраниме“, соопштија од Твитер.

Основачот и извршен директор на Твитер, Џек Дорси во понеделникот поднесе оставка како прв човек на таа социјална мрежа.

#ХАЈТЕК

Дали забележавте? Фејсбук го промени своето лого

Дали забележавте? Фејсбук го промени своето лого

Новото лого на Facebook е сè уште сино, но сега е малку повеќе сино.

Мета го ажурираше „идентитетот“ на својата популарна мрежа Фејсбук, а тоа вклучува и освежено лого.

Во суштина, логото останува речиси идентично со претходното, само користејќи потемна сина боја и правејќи некои суптилни промени на малата буква „f“.

Мета го објави своето објаснување за оваа промена: „Нашата намера беше да создадеме освежен дизајн на логото на Facebook кој е похрабр, електричен и безвременски. Секоја од препознатливите, нови промени води до поголема хармонија во целокупниот дизајн како клучен елемент на идентитетот на апликацијата. Ова го направивме така што вклучивме посигурен израз на основната сина боја на Facebook што е направена да биде визуелно попристапна во нашата апликација и обезбедува посилен контраст за да се истакне симболот „f“.

Заштитните знаци на Facebook и другите ознаки на зборови исто така добија редизајн и сега користат Facebook Sans. Има и нова палета на бои во која, верувале или не, доминира сината боја.

Мета истакна дека планира уште некои промени во изгледот на Facebook, а најновото ажурирање е само првата фаза од „освежениот систем за идентитет“ за апликацијата.

Continue Reading

#ХАЈТЕК

Nintendo Game Boy слави 33 години во Европа

Nintendo Game Boy слави 33 години во Европа

Револуцијата на преносните игри во Европа започна на денешен ден пред точно 33 години.

Имено, на 28 септември 1990 година, Nintendo Game Boy беше објавен на Стариот континент, една година по неговата премиера на другите пазари.

Game Boy беше дизајниран како конзола која комбинираше некои карактеристики на домашната конзола на Nintendo (NES) и првата пренослива конзола (Game & Watch).

Доби голема популарност веднаш по објавувањето, бидејќи оригиналната верзија дојде во пакет со познатиот тетрис, кој беше продаден во повеќе од 35 милиони примероци во верзијата Game Boy. Подоцна, се разбира, следеа и други хитови од франшизите Pokemon, Zelda и Super Mario.

Game Boy имаше екран од 2,6 инчи (резолуција 160 x 144) на кој можеше да ја прилагодиш опцијата за контраст на сликата, но не и осветленоста, па не можеше да играш ни во темни услови. Производителите „скокнаа на тоа“, па имаше голем број додатоци за осветлување на екранот за Game Boy.

Сите заедно, Game Boy и GBC продадоа 118,69 милиони единици, што го става Game Boy на четвртата најпродавана конзола на сите времиња.

Се верува дека клучот за успехот лежи во едноставноста на конзолата. Посебно интересна е статистиката објавена од Nintendo of America во 1995 година, каде што се вели дека дури 46% од играчите на Game Boy се женски.

Continue Reading

#ХАЈТЕК

Јапонски старт-ап развива робот од популарен цртан филм, ќе чини три милиони долари

Јапонски старт-ап развива робот од популарен цртан филм, ќе чини три милиони долари

Старт-ап компанијата Tsubame Industries од Токио развива робот со четири тркала висок четири и пол метри кој изгледа како лик од многу популарната јапонска анимирана серија Gundam, а може да биде ваш за три милиони долари.

Наречен Archax по летечкиот диносаурус Archeopteryx, роботот има монитори од пилотската кабина кои примаат слики од камерите прикачени однадвор, така што пилотот може да ги контролира рацете и шаките користејќи џојстици од внатрешноста на торзото.

Тежи 3,5 тони и има два режима на работа: исправено „роботско“ и „возење“ со максимална брзина од десет километри на час.

Лансирањето е планирано за саемот за мобилност во Јапонија овој месец.

„Јапонија е многу добра во анимација, игри, роботи и автомобили, па затоа мислев дека би било одлично ако можам да создадам производ што ќе ги содржи сите тие елементи“, рече Рио Јошида, 25-годишниот извршен директор на Tsubame Industries.

„Сакав да создадам нешто што ќе рече: „Ова е Јапонија“, додаде тој.

Јошида се надева дека ќе изгради и продаде пет роботи на богатите обожаватели на роботи, но исто така се надева дека роботот еден ден би можел да се користи за помош при катастрофи или во вселенската индустрија.

За роботиката се заинтересирал уште на рана возраст. Научил да заварува во работилницата на својот дедо, а потоа основал компанија која произведува миоелектрични протези за раце. Тој вели дека сака да ја задржи конкурентската предност во производството на Јапонија.

Се надевам дека ќе учам од претходните генерации и ќе ја продолжам традицијата, изјави тој.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: