Connect with us

#ЏЕТ-СЕТ

Џулија Фокс за првпат гола

На Модната недела во Њујорк, Џулија Фокс за првпат позирала речиси гола, во метално бикини со сребрени синџири, а потоа носела рачни часовници како топ со соодветно мини здолниште. Актерката и поранешна девојка на Канје Вест се појавила и во проѕирен фустан со црни крилја на грбот. 33-годишната Фокс која се прослави со улогата во „Uncut Gems“ го бранела своето право да биде гола.

„Жените ги загубија животите за ние да можеме да се облекуваме на овој начин“, изјавила ексклузивно за „NY Post“.

„Количината на негативни повратни информации навистина не беше нормална. Луѓето сакаат жените да се однесуваат и да бидат покриени како да сте во „Handmaid’s Tale“ или слично“, додала Фокс. Таа вели дека ги игнорира оние кои ја мразат и поради тоа има самодоверба на модната писта.

#ЏЕТ-СЕТ

Диетата на Милица Тодоровиќ со која успеала да ослабе 15 килограми

Пејачката Милица Тодоровиќ отворено проговори за проблемите со вишокот килограми кои успеала да ги регулира со вежбање и правилна исхрана.

Со совети на стручни лица, Тодоровиќ успеа да ослаби околу 15 килограми. Првенствено редовно тренирала, а дополнително ја намалила количината на храна и го зголемила бројот на оброци на дневна основа.

„Стомакот ми е рамен само наутро, а навечер ми се дува како и на повеќето жени“, изјави еднаш Милица Тодоровиќ.

Со посебен режим и здрав начин на живот таа успеа да ослабе без да гладува, а ова е нејзиното мени:

Појадок: Овесна каша прелиена со вода и овошје
Ручек: Месо и салата
Вечера: печено пилешко, зелена салата, чери домати
Совет: Пијте многу вода и зелен чај

„Што се однесува до исхраната, веќе неколку години сум кај нутриционист. Малку ќе олабам и се опуштам, но брзо се враќам на вистинскиот пат“, открила Милица, која во еден момент имала над 70 килограми.

Continue Reading

#ЏЕТ-СЕТ

Јелена Карлеуша за бившиот: Душко ми беше животна грешка

Јелена Карлеуша во своето последно интервју зборуваше за својот нов албум, но и тешкиот период во животот и бракот со Душко Тошиќ. За албумите „Алфа“ и „Омега“ рече дека има неколку проблематични зборови кои низ телевизиите и радијата се цензурирани.

Зборуваше и за своето тешко минато и загубата на мајка ѝ и разводот со Душко. Откри дека работата на овие тешки проекти ѝ помогнала да го надмине сето она што ѝ се случувало во претходните четири години.

„Ако мислиш на мајка ми, таа е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. А, ако мислите на Душко, тој со сите сили се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа. А, ако мислите на линчот што го доживувам одвреме навреме од јавноста, на тоа гледам како голема мотивација и инает. Затоа во албумот ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите. Сето тоа што го набројав ме направи посилна“, рече Карлеуша.

Албумот „Омега“ ја содржи баладата „Ја“, за која Јелена сама го напишала текстот. Рече дека преку неа ја избркала целата болка.

„Во мојот живот отсекогаш имало многу болки. Тоа што сум силна жена за јавноста не значи дека ударите не ме повредуваат. Во животот и во љубовта знам да страдам ѝ да стиснам заби, па јавноста мисли дека е нормално да напаѓам, линчувам, изложувам на притисоци, дека ми се кршат човековите и женските права. Малкумина ме доживуваат како нежна сопруга и мајка, јас сум повеќе како вонземјанин во нашето општество. За жал, животот толку ме зајакна со удари, толку се борев и приватно и професионално што не знам за поинаков начин на функционирање, освен клинч и борба“, рече Карлеуша

„Посакувам мојот живот досега да не беше толку стресен и болен, но тоа е мојата карма. Некој би бил претепан од сето ова, но јас избрав да не се предадам. Имам само еден живот и не сакам да бидам жртва, имам ќерки, сакам да им бидам пример како жена која е силна и која се бори и победува, која не се откажува и не сака да прифаќа пораз. Како во песната, кога овој град и ова општество ме удри, го вртам другиот образ за да покажам дека ништо не можам и дека солзите ги претворам во дијаманти кои никогаш не го губат својот сјајот. Песната „Ја“ има силни автобиографски моменти. Слушајте ја внимателно“, рече Карлеуша.

 

Continue Reading

#ЏЕТ-СЕТ

(Видео) Рада Манојловиќ ги испеа македонските традионални песни „Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“

Српската пејачка Рада Манојловиќ на еден од нејзините последни настапи пееше македонски песни. Пејачката која е позната по енергичните настапи и жешката атмосфера, овој пат ја изненади публиката со двете традиционални македонски песни „Македонскот девојче“ и „Јовано Јованке“.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: