#ФАЦИ

Јулија преку емотивна честитка за роденденот откри дека ќерка ѝ боледува од рак

Објавено на

Пејачката и водителка Јулија објави статус на социјалните мрежи, со кој откри дека нејзината ќерка Андријана боледува од канцер.

„И ова утро, сонце мајкино, почнува со помислата на тебе. Ќе го славиме твојот ден, твојот роденден, кој ти е дар од Бога. Денот кој ме потсеќа на мојот најголем подарок од Бога, кога првпат го слушнав твојот плач, кога првпат те здогледав и се одушевив од моето бебе.
Овој роденден се разликува од сите досега зашто си ставена на големо искушение, а и ние со тебе, сонце наше. Ни претстои битка за која знам дека ќе ја изодиме, за која знам дека ќе победиме, како и многупати досега. Ти, нежна, ранлива, никогаш прегласна, никогаш наметлива, во својот свет, секогаш со разбирање и трпеливост за сите, секогаш спремна да голтне, никогаш да не повреди, никогаш да каже лош збор. Ти, сонце мое, и, сега, кога ги трпиш најголемите болки, велиш – ќе биде добро, ќе помине, свесна, присебна, велиш – дури сега се соочив со стравот, дури сега го осеќам Божјото водство и знам дека ова е за мое најголемо добро. Ќе се спријателам со канцерот и потоа ќе се поздравиме како најдобри пријатели и ќе продолжиме секој по својот пат. Љубов моја, нема да пишувам фермани, жалопојки, зашто доста пропативме, но да ти ветам нешто, малку е, ти знаеш, јас знам и те гледам како победник. Те сакаме со сето срце, јас и Стеф, напиша Јулија.

Трендинг

Exit mobile version