Connect with us

#ДОСИЕ

АЈДЕ ДРУГАРИ: чичко Драги има потреба од скромна донација за едно од кучињата за кои се грижи

„Другари знани и незнани, чичко Драги има потреба од скромна донација за едно од кучињата за кои се грижи. Поради повреда потребни се средства за да може да му се пружи соодветна помош. Сите вие кои ве носи патот накај Центар Рекорд ако сте во можност направете мал придонес што за некого значи многу“, стои во апелот за помош.

Другари знани и незнани, чичко Драги има потреба од скромна донација за едно од кучињата за кои се грижи. Поради повреда…

Posted by Bojana Nojic on Tuesday, April 6, 2021

Кој е чичко Драги?

Речиси и да нема човек кој не го знае.

Во строгиот центар на градот, веќе 30 години по ред, Драги Паровски, еден човек со големо срце, но и големи несреќи во животот, непрекинато се грижи за животните-скитници, од единствената мала заработувачка која ја влече од тезгичката со дре­бу­лии кај „Рекорд“.

Неговата приказна е полна со трагедии, меѓутоа од сите препреки, во него секогаш знае да победи љубовта кон кучињата и мачињата, кои ги храни не само надвор, туку и во својот дом. Чичко Драги е најсреќен е кога ќе му подарат храна за животните.  окму заради неговата добрина секогаш имало луѓе кои му помагале, така што тој се потпирал на помошта од хуманите граѓани и општината Ѓорче Петров со прибирање средства за операциите и задоволување на основните потреби како храна и покуќнина.

Драги се храни со јогурт, сок од домати кој сам го приготвува и банани поради состојбата на грлото. Секој ден има одреден час кога продава, кога мора да се врати дома за да ги нахрани кучињата, кога треба да ги менува газите на грлото и со таа рутина тој досега се одржува себеси и животните. Од компликациите од оперативниот зафат се оставени последици во неговото физичко здравје, а тој станува лице со посебни потреби, со единствен приход од социјалната помош и приходот од тезгичката.

#ДОСИЕ

(ВИДЕО) Нападнала туристи оти ѝ ги тргнале лежалките од јавна плажа

Хрватската полиција отвори истрага против жена која стопанисува со плажа на хрватскиот остров Брач, откако беше објавена снимка на која се гледа како таа се однесува агресивно кон неколкумина туристи, затоа што ги тргнале лежалките кои таа ги поставила на плажата.

„Газдарицата“, која повеќе не е концесионер на плажата со која легално стопанисувала со години, продолжила да поставува лежалки и да наплаќа, иако на тоа повеќе нема право, велат надлежните. На снимката, која ја објави Мирослав Рајх, турист од Загреб, се гледа како гневната жена им се нафрла на луѓето присутни на плажата со погрдни зборови, а потоа и шутира кутија со пица кон неколкуте девојки кои лежат на плажата.

„Некој овде вложил големи пари, а сега сите тука се собирате како цигани. Таму е градската плажа“, им се обрати повозрасната жена на присутните туристи, покажувајќи со раката.

Станува збор за плажата под дворецот Каштил Јела во местото Милна, едно од најпознатите знаменитости на островот Брач. Жената, која се претставува како „сопственичка на плажата“, вели дека вложила силни пари во нејзиното уредување, но признава и дека повеќе не плаќа концесија, затоа што „оваа држава ја донела на просјачки стап“.

Причината за нејзината агресивност била тоа што туристот ги тргнал неколкуте лежалки кои таа ги поставила и за чие користење наплатувала, вели Рајх.

Според хрватските медиуми, дрската жена е Луција Влаховиќ, позната на Брач како „Грофицата на Смоје“, затоа што во нејзиниот дворец често доаѓал познатиот сплитски писател Миљенко Смоје.

Continue Reading

#ДОСИЕ

Легендарната македонска актерка Милица Стојанова се вакцинираше: Поминав една војна, не сакам да гледам уште една

Легендарната македонска актерка Милица Стојанова денеска ја прими вакцината против Ковид-19, објавувајќи притоа на Фејсбук порака до граѓаните.

„Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот на земјотресот… Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички… Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам… Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да зминат од овој свет сами, без своите околу нив… Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се’ уште да се радувам во заедница, а не да самувам,“ напиша 88-годишната Стојанова.

Таа ги повикува граѓаните да бидат одговорни и да се вакцинираат, бидејќи таа не гледа друго чаре и за себе и за оние околу нејзе.

„И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив. Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот,“ вели актерката, со чии изведби растеа генерации.

Continue Reading

#ДОСИЕ

Д-р Лазаров На матичните доктори државата ни должи пари за јануари


Уште едно нешто и не зборам денес веќе:
На матичните ни должат за Јануари пари, околу 2.5 милиони евра, малку да имавте идеја и проактивност, бидејќи 1 денар не ни помогнавте во кризава, можевте да земете еден кредит и да ни исплатите 1 капитација вонредно,
и со наши наши пари да ни “затворите уста”.
Ќе добиеме ликвидно примарно здравство што не чека исплата од ФЗО за гази да купи, објави на својот ФБ профил доктор Ненад Лазаров.

извор: ФБ Ненад Лазаров



Извор: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Инста

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: