Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Вдовицата на покојниот актер ја стави неговата пепел во прстен

Аманда Клутс сакаше да ја задржи пепелта на нејзиниот покоен сопруг, канадскиот актер Ник Кордер, близу себе.

Имено, 38-годишната Аманда објави видео на социјалната мрежа Инстаграм, кое го привлече вниманието на луѓето. Пепелта на нејзиниот сопруг кој почина од Ковид-19, ја стави во прстен што ќе го носи постојано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AK! ⭐️ (@amandakloots)

„Пристигна нешто многу посебно“, напиша таа.

„Изненадена сум на колку многу начини можете да ја чувате пепелта на некој близок до вас“, додаде Ааманда.

Клутс му оддаде почит на актерот, кој почина во јули 2020 година на 41-годишна возраст, откако со месеци се бореше со вирусот корона.

Во октомври оваа година, Аманда откри дека претворила дел од пепелта во семејна вазна.

– Сакам што Ник е со мене на многу места – во океанот, во урната, во прекрасна вазна и сега на моја рака – напиша вдовицата.

Прстенот има сафир во центарот и неговите иницијали се врежани во внатрешноста. Клутс планира да му го даде на нивниот едногодишен син Елвис Едвард Кордер кога ќе порасне.

Прстенот го изработи дизајнерот Стефани Готлиб.

– Ник кај Стефани го купуваше накитот за мене, знам дека го обожава нејзиниот дизајн. Мојот веренички прстен и бурмата се од нејзината продавница и овој прстен е многу посебен за мене – заклучи вдовицата.

На почеток
error: