Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ѕвездата од хит филмот му кажа „да“ на својот партнер: „Кога сфатив дека ќе ме запроси почнав да врескам“

Актерот Џонатан Бенет кој што се прослави со улогата на Арон Самуел во филмот „Mean Girls“ од 2004-та година, ја потврдил својата веридба со својот сакан партнер и телевизиски водител Џејмс Вон.

„Кажав да!“, напишал Џонатан покрај неколкуте фотографии кои што ги објавил на социјалната мрежа, а на кои што Џејмс го запросува, па признал дека плачел како мало дете кога партнерот клекнал пред него и му го поставил важното прашање.

Џејм одлучил да се потруди тој момент да им остане во сеќавање засекогаш, па поради тоа имале специјално изработени прстени, а исто така извел и серенада која што ја напишал сам за тој настан.

Трендинг

На почеток
error: