Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) 50 најдобри потези на Марадона

Диего Армандо Марадона е величина во светот на фудбалот и на спортот. Тој ја воодушевуваше планетата со генијалните потези во текот на кариерата. Има легендарни погодоци кои остануваат за аналите на светскиот фудбал.

Двата најпознати гола во кариерата ги постигна на еден ист натпревар во рок од само четири минути. Во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина играше против Англија.

Во 51 минута, Марадона го постигна погодокот со „Божјата рака“. По еден центаршут, Марадона скокна, но беше пренизок за да ја удри топката, па се послужи со рака. Англичаните сигнализираа дека Марадона постигнал гол со рака, судијата тоа не го виде и го призна погодокот што беше водство за Аргентина од 1:0.

Само четири минути по голот со „раката на Господ“, Марадона го даде и најубавиот погодок во кариерата. Ја доби топката во својата половина, успеа да помине неколку противнички играчи, го легна на земја и Шилтон, а потоа погоди во празната мрежа за 2:0.

Трендинг

На почеток
error: