Двајца американски туристи објавиле видео на јутјуб од Скопје, на кое ги бројат споменици во главниот град, кои се дел од проектот „Скопје 2014“.
Тие до крајот на видеото успеаа да избројат 175 статуи, а на крајот кажуваат дека Скопје им бил прв на листата градови за посетување од балканските земји.
„Денеска се наоѓаме во главниот град на Македонија. И ќе се обидеме да го изброиме секој споменик во градот. Ова беше совршено искуство и мислам дека Македонија е најубавата земја што сме ја посетиле на Балканот. Македонија има специјално место во нашите срца“, стои во описот на видеото.