Медиасет
(Видео) Астронаутите од „Артемис 2“ се вратија на Земјата
Капсулата „Орион“ од мисијата „Артемис 2“ со четиричлена екипа успешно слета во Тихиот Океан по речиси десет дена во вселената, означувајќи го првото патување на човечка екипа во близина на Месечината по повеќе од половина век.Леталото влезе во Земјината атмосфера и безбедно се спушти во водите во близина на калифорнискиот брег, со што беше заокружена мисијата во која астронаутите патуваа подалеку од било која човечка екипа во поновата историја.Во текот на десетдневната мисија, екипажот двапати ја обиколил Земјата, а потоа направил и обиколка околу темната страна на Месечината, поминувајќи вкупно повеќе од 1,1 милион километри.Капсулата минала низ критична фаза при враќањето – 13-минутен пад низ атмосферата, при што температурата на надворешната површина достигнала околу 2.760 степени Целзиусови. Во тој момент се формирал плазмен слој околу леталото, што предизвикало краткотрајно губење на комуникацијата со екипажот.По повторното воспоставување на врската, падобраните успешно се отвориле и ја намалиле брзината на капсулата, овозможувајќи контролирано и безбедно слетување.Астронаутите – американците Рид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох, како и канадскиот астронаут Џереми Хансен – биле извлечени од капсулата и пренесени на брод, каде им бил извршен првичен медицински преглед.Мисијата „Артемис 2“ претставува клучен чекор кон враќање на луѓето на Месечината, што е планирано до крајот на деценијата, првпат по 1972 година. Воедно, оваа програма се смета за основа за идни мисии кон Марс.Со ова патување, екипажот постави нов рекорд, достигнувајќи оддалеченост од над 406.000 километри од Земјата, надминувајќи го досегашниот рекорд од мисијата „Аполо 13“.Успешното враќање на „Орион“ воедно го потврди капацитетот на леталото да издржи екстремни услови при повторен влез во атмосферата, што е клучно за идните лунарни и интерпланетарни мисии.