Откако пред речиси еден месец, пејачката и писателка Сузана Турунџиева се пофали со фотографии од музичко студио со хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, конечно песната излезе во етерот и прикачена е на Ју тјуб.
Песната е насловена „Иста судбина“ со текст на Огнен Неделковски, додека пак музиката и аранжманот се дело на Роберто Поп Димитров.
