Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Денис од Центарот за јавно здравје, заедно со Дац и Александар ја препеа „Опасно сум вљубен во тебе“

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски, заедно со Денис Јанкуловски од Центарот за Јавно Здравје ја препеаа песната „Опасно сум вљубен во тебе“. Како што вели Јанкуловски, ова е поздрав до сите здравствени работници кои во овие неколку месеци максимално се вложуваат себе си, своето време, својата сила и енергија, се со цел да се погрижат за здравјето на нашите роднини, пријатели и нашите сограѓани.

„Денес сакаме да ви испратиме една музичка порака со преубава песна од Драган Каранфиловски БОЈС, посветена на сите доктори и медицински персонал. Во наше друштво ќе пее нашиот другар Денис Јанкуловски (Космонаутко) од Центар за Јавно Здравје Скопје. Тој секој ден прво пее, па оди на работа по 12 часа, ја става “главата во торба” и секогаш е ведар, насмеан и распеан. Препораките мора да се почитуваат, заради него, заради сите медицински лица, заради сите нас“, стои во описот на видеото.

https://www.facebook.com/dac.aleksandar/videos/297813334689646/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: