Патрик Демпси накратко се врати во „Grey’s Anatomy“ („Вовед во анатомија“), на огромно задоволство на фановите на серијата.
54-годишниот актер повторно влезе во улогата на неврохирургот Дерек Шепард, кој загина во сообраќајна несреќа во 11-тата сезона. Ненадејното враќање на Дерек се случува откако неговата сопруга Мередит Греј (Елен Помпео) се онесвестува на паркингот од болницата.
Брачниот пар повторно се обединува на плажа во сон на Мередит. Средбата е прикажана во двочасовната епизода од новата сезона посветена на пандемијата.
„Сакавме да им дадеме на луѓето надеж и радост, сакавме да вратиме нешто во овој момент. Има многу темнина, а ние знаевме дека обединувањето ќе биде мал сончев зрак. И двајцата имавме иста идеја, сакавме да им помогнеме на луѓето и да донесеме насмевка на нивните лица“ – рекла Помпео.