Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Деветгодишно дете заработува милиони

Деветгодишниот Рајан Каџи повторно стана најплатен јутјубер, откако за година дена успеал да заработи 30 милиони долари, пренесуваат светските медиуми. Рајан има свој канал на „Јутјуб“, и има за задача само да ги оценува детските играчки.

Рајан заработил дополнителни милиони долари од линија на играчки кои го носат неговото име и брендирани колекции на облека. Видеата почнал да ги снима во 2015 година, откако видел неколку снимки на „Јутјуб“.

„Како јас не сум на „Јутјуб“, кога сите други деца се?“, ја прашал Рајан мајка му.

Неговото семејство, чие вистинско презиме било Гуан, го промениле во неговото јутјуберско презиме Каџи. Тој во моментов води девет канали на „Јутјуб“.

Но и покрај огромниот успех, тие сега се соочуваат со истрага покрената од американските федерални служби, поради обвинувањата дека спонзорите не им биле правилно означени.

Од Организацијата за заштита на потрошувачи велат дека речиси девет проценти од виеата во кои Рајан ги оценува играчките, содржат барем по еден производ, наменет за деца од предшколска возраст. А, децата од предшколска возраст, не можат да разликуваат реклама од приказна за играчки.

На почеток
error: