Мало девојче со гума- еднорог било однесено од морските струи и е спасено од локален ферибот, наведуваат грчките медиуми.
Инцидентот се случил вчера во морското подрачје крај градот Антирио во Коринтскиот Залив.
Девојчето помеѓу 4 и 5 години, наводно,им избегало од „вниманието на родителите“ и било однесено од брегот со силните струи .
Кога родителите сфатиле дека нивната мала ќеркичка не се гледа во морето, ги известиле пристанишните власти , кои го алармирале капетанот на локалниот траект „Саламиномахос“.
Капетанот на траектот на линијата Рио-Антирио го нашол детето среде морето и полека се приближувал со траектот.
Членовите на екипажот го спасиле девојчето , кое било во својата гума на надувување .
Девојчето, кое било мирно за време на авантурата, им било неповредено предадено на родителите.
Според локалните медиуми,истиот ферибот неодамна извадил од морето еден постар човек , кој исто така се оддалечил поради струите во областа, додека уживал да плови на душек на надувување.
https://www.facebook.com/djpapaioannou/videos/10158597048579812/?t=0