#ФАЦИ

(Видео) Еротски спот на БДМ како најава за албумот

Објавено на

Македонската алтернативна денс група БДМ, со ремикс на нивната последна песна Stay и видео спот снимен во Детроит, се пробиваат на европскиот и американскиот пазар. Песната што Бранко Вељановски, Дуле Вељановски и Мартин Делимитов ја промовираа пред Нова година, сега е со поинаков звук, направен во соработка со холандскиот продуцент и диџеј Neemese.

Провокативното видео со еротски сцени, го режираше Виктор Стоимиров, а во него се појавува моделот Габриел Ларион.

„Нашата музика од почетокот ја издаваме преку ‘Парагон рекордс лејбл’ кој соработува со светски музички компании и платформи. Оттаму идејата да ги промовираме нашите песни надвор и од Македонија, особено што сите соработки што ги направивме досега, и со Јова, и со Валери, Алекс Ви и Калин, се песни на англиски јазик. Видеото се снимаше на неколку локации во Детроит, САД и нескромно може да кажеме дека делува светски“, велат момците од БДМ.

По ова, тие најавуваат уште еден сингл, по што ќе го промовираат и нивниот прв албум, State of Mind кој е во завршна фаза.

Трендинг

Exit mobile version