#ФОКУС
(ВИДЕО) Филипче: Следи најтешкиот период на справување со пандемијата
Министерот за здравство Венко Филипче испрати видео апел до граѓаните во кој бара доселедно почитување на мерките за заштита со оглед дека според него следува најтешкиот период од справувањето со кризата. Тој истакнува дека состојбата со Ковид-19 е критична, а болнииците веќе ги полнат сите капацитети.
„Пред нас е веројатно најтешкиот период на справување со пандемијата. Барам сите да бидеме максимално одговорни и свесни за сериозноста на состојбата. Вирусот е широко проширен. Секое најмало невнимание или непочитување на мерките за заштита може да значи инфекција. Сега ни е потребна поддршка повеќе од било кога во изминатите осум месеци. Тоа што го бараме како здравствени работници е навистина малку – само да го штитите сопственото здравје“, рече министерот Филипче.
филипче вели дека овој период изборот е или жртвување на комодитетот и на вообичаениот начин на живот или прдолжување на здравствената и на економската криза.
„За некои од нас жртвата значеше помалку финансии, загубена работа, неможност да се видиме со нашите блиски. За други тоа значеше месеци и месеци непрекината работа без одмор. За трети пак таа жртва значеше загубено здравје или загубен живот. Колку доследно ќе ги почитуваме мерките за заштита ќе биде одлучувачки за тоа колку дополнително ќе се жртвуваме до крајот на пандемијата. Секој за себе ќе реши дали неговата жртва ќе е носењето маска, негрупирањето, држењето дистанца, или пак жртвата ќе значи продолжување на здравствената и економска несигурност. Изборот е тој, а моќта за промена на работите е кај секој од нас. Почитувајте ги мерките доследно. Носењето маска и држењето дистанца се многу мала жртва во споредба со се друго“, посочи Филипче.