Македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев преку видео се обрати до македонската јавност за да објасни зошто поседува бугарски пасош, но и зошто го промени видеоспотот по многуте реакции.
-Јас сум музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Немав апсолутно никаква намера да повредам некого. Сосема спротивното! Јас сум толку горд на овој проект кој не само што ме отелотворува мене, туку и мојата земја и култура – музичари и уметници во галеријата. Не се извинувам за тоа што сум јас. Никогаш нема – немав избор во тоа. Како и да е, ако повредив некого на кој било начин, од дното на моето срце … жал ми е, вели Гарванлиев.
Видео: Васил Гарванлиев